НАЈДОБРО ЗНАЕ КАКО ИМ Е НА ВАРДАРКИ

Кастратовиќ низ солзи: Секако ме потсетува на Кометал, но ме боли за Вардар, јас бев дел од овој проект

Ретко кој денеска во СЦ „Јане Сандански“ остана рамнодушен...Морници ни поминуваа низ телото, солзите едвај ги задржавме...ЖРК Вардар за последен пат во најсилен состав го видовме во Скопје, бајката завршува во Будимпешта, а од следната година само ќе го враќаме филмот...

објавено: 14 април 2018 - 18:48

Ретко кој денеска во СЦ „Јане Сандански" остана рамнодушен...Морници ни поминуваа низ телото, солзите едвај ги задрживме...ЖРК Вардар за последен пат во најсилен состав го видовме во Скопје, бајката завршува во Будимпешта, а од следната година само ќе го враќаме филмот...

Наидовме на Индира Кастратовиќ која беше со „црвено-црните“ од самиот старт на проектот. Таа најдобро знае како се чувствуваат ракометарките, како е да бидеш дел од европскиот шлаг, а потоа да згаснеш...Вардар сите ги потсетува на Кометал Ѓорче Петров, а синомин за него е токму Индира.

„Секако дека ме потсетува на времето на Кометал Ѓорче Петров, но емотивна сум и за Вардар. Јас бев дел од овој проект од самиот старт" - прокоментира Индира Кастратовиќ, која растреперена и со солзи во очите го следеше последниот поздрав на вардарки од ВИП ложата во "Јане Сандански".

Колку за постетување Кастратовиќ ги водеше Вардарки три сезона во низа на фајнл-фор завршниците во Будимпешта. 

Најново во Ракомет