КАПИТЕНОТ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ

Кире Лазаров откри кој ќе биде неговиот наследник на теренот (Фото)

Ракометарот веќе две децении го носи „црвено-жолтиот“ дрес и носи многу радости на сите навивачи

објавено: 11 февруари 2018 - 19:05

Кирил Лазаров на својот „Инстаграм“ профил се пофали дека има свој наследник. Тоа е неговиот син Благојче. Капитенот на македонската репрезентација веќе две децении со своите игри на теренот, носи многу радости кај сите љубители на спортот. 

Лазаров во мај ќе наполни 38 години што значи дека според возраста веќе е во групата на ветерани, но според играта уште е меѓу најдобрите во светот. Популарниот Кире објави фотографија на „Инстаграм“ како неговиот син во ракометен дрес на тимот на Нант, е дел од тренинг. 

Најново во Ракомет