МОЖЕ ДА СЕ ЧУДАТ НО ЛАЗАРОВ СЕКОГАШ ИГРА НАЈДОБРО КОГА ТРЕБА

Кире заврши на допинг контрола

Веднаш по мечот, најдобриот стрелец на Нант беше повикан на контрола за евентуално користење на недозволени средства, процедура која е нормална на големите натпреварувања

објавено: 26 мај 2018 - 17:47

Кирил Лазаров игра најдобро кога е најпотребно. Тоа е докажано низ изминативе деценија и пол, а се виде и вечерва. Капитенот на македонската репрезентација даде осум голови и беше најефикасен во тимот на Нант, во триумфот над Пари Сен Жермен, во полуфиналето од Лигата на шампионите. 

Веднаш по мечот, најдобриот стрелец на Нант беше повикан на контрола за евентуално користење на недозволени средства, процедура која е нормална на големите натпреварувања. Од ЕХФ точно знаат кој е Лазаров, каква ѕвезда е тоа без ниту една дамка во кариерата, но процедурата мора да се испочитува, па избраниот Лазаров заврши на допинг контрола. 

Најново во Ракомет