УШТЕ Е НЕИЗВЕСНО ДАЛИ КАПИТЕНОТ ВЕЧЕРВА ЌЕ ИГРА

Лазаров ќе игра или не? Дилемата може да се реши и пред самиот меч

Чешка е противникот кој треба да го победиме, за да останеме со шанси дека може да стигнеме до полуфиналето

објавено: 23 јануари 2018 - 08:25

Со Кирил Лазаров или не, Македонија вечерва мора да ја победи Чешка, доколку сакаме да ги задржиме шансите за пласман во полуфиналето на ракометното Европско првенство. Капитенот на нашата репрезентација се повреди на мечот против Шпанија и засега не се знае дали ќе биде подготвен за настап против Чешка.

Се работи за повреда на бутниот мускул на десната нога. По вчерашните направени прегледи во Загреб, ситуацијата околу тоа дали Лазаров ќе може да настапи против Чешка или не. „Спортмедиа" вчера по посети капитенот, а Кире едноставно не сакаше да избрзува со изјавите за тоа дали ќе може да игра или не.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов нè увери дека ќе биде направено се што е потребно, за да може Лазаров да закрепне и да се појави вечерва на теренот.

Дуелот против Чешка се игра од 20:30 часот во салата во Вараждин, каде повторно се очекува Македонија да има голема поддршка од публиката.

Најново во Ракомет