ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ ВО ЛИСАБОН

Лазаров му го расипа дебито на Ристовски

Како подготовка за новата сезона, екипата на Нант со резултат 31:29 триумфираше над Бенфика.

објавено: 4 август 2018 - 20:55

Тоа беше прв натпревар за македонскиот голман Борко Ристовски во дресот на португалскиот тим.

Нашиот репрезентативен чувар од новата сезона ќе има нов предизвик, до крајот на ланската ги бранеше боите на Барселона

И ова беше прв тест ова лето за Нант кој се спрема за новата сезона во Лигата на шампионите каде што лани беше финалист. Нашиот десен бек Кирил Лазаров се очекува повторно да биде ударна игла во нападот на Французите, тој на денешната пресметка имаше четири погодоци.

 

Најново во Ракомет