КАПИТЕНОТ Е ЗАДОВОЛЕН, НО И ПРЕТПАЗЛИВ ПРЕД РЕВАНШОТ

Лазаров: Пред мечот некој да ни го понудеше овој резултат, сигурно ќе го прифатевме со две раце

објавено: 10 јуни 2018 - 22:36

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров секако дека е подготвен да ги предводи момците до уште едно големо натпреварување, во овој случај тоа е Светското првенство 2019 година. Лазаров е задоволен од победата против Романија (32:24), но потенцира дека има и реванш на кој мора максимално внимателно да му е пристапи, ако сакаме да бидеме дел од Мундијалот.

„Некој да ни го понудеше овој резултат пред меч, сигурно ќе го прифатевме со две раце. Среќни сме, задоволни сме, но свесни сме дека можевме и подобро. Направивме некои тешнички грешки. Треба да се одмориме овие два дена и сериозно треба да влеземе и на реваншот во Романија. Имаме солидна разлика. Примивме малку голови 24 и тоа е важно. Ќе направиме добра анализа, за да бидеме подготвени. Секој меч е нов и не треба да размислуваме за тоа колкава разлика имаме од првиот меч“, рече Лазаров веднаш по победата во „Борис Трајковски“.

Најново во Ракомет