КАПИТЕНОТ СО ПОФАЛБИ ЗА ОДЛИЧНАТА АТМОСФЕРА

Лазаров: Публиката беше клучна, се чувствувавме како да играме дома

„Знаевме дека не смееме да кикснеме. Победивме многу квалитетна репрезентација“, вели капитенот

објавено: 13 јануари 2018 - 21:18

Специјално од Загреб, Марија Ковачева

Капитенот Кирил Лазаров уште еднаш одигра како вистински предводник на теренот. лазаров заврши со шест погодоци, а знаеше да погоди кога беше најпотребно. Веднаш по мечот, Лазаров потенцираше дека публиката е клучна за триумфот.

 

„Најклучно за победата беше нашата публика. Се чувствувавме како да играме дома. Тие беа голем мотив за нас. Знаевме дека не смееме да кикснеме на овој меч. Победивме многу квалитетна репрезентација. Како да одигравме два меча, а не еден. Честитки за моите другари. Одигравме машки. Одиме понатаму, повторно да ја радуваме Македонија“, рече Лазаров веднаш по мечот. 

Најново во Ракомет