ГОЛМАНКАТА НА ВАРДАР ПРОДОЛЖУВА ДА БЛЕСКА

Лејно го откажа Будуќност и си закажа место во Топ 5 одбрани (Видео)

Со 14 погодоци, Амандин речиси и ги откажа противничките ракометарки, а на крајот „црвено-црните“ забележаа сигурна победа

објавено: 12 февруари 2018 - 08:04

Вардарки и во изминатово коло продолжија со перфектната игра во Лигата на шампионките, откако убедливо со 31:24 го победија Будуќност. Уште во првото полувреме Вардар стигна до двоцифрена предност и беше јасно кој ќе биде победникот. 

Една од најзаслужните за новиот триумф секако е голманката Амандин Лејно, која на крајот зашиша 14 одбрани, а една се најде на третото место во Топ 5 одбраните во изборот на ЕХФ. Погледнете ги најдобрите одбрани за изминатото коло, ТУКА. 

Најново во Ракомет