СУРОВА СУДБИНА ЗА МАКЕДОНСКАТА СНАА

АЛТХАУС: Вардар ми е во срцето, но ќе играм за победа на Ѓер

„Ох, колку е посебна ситуацијата, а истовремено и чудна. Ќе има многу емоции. Вардар ми е во срцето, но се надевам дека финалето ќе заврши на ист начин како лани и дека ќе освојам титула со Ѓер“, вели Германката.

објавено: 13 мај 2018 - 12:30

Од Будимпешта

Весна Николовска и Марија Ковачева

 

Ања Алтхаус ланската сезона во финалето на Лигата на шампионите го носеше вардаровиот дрес, додека оваа одново ќе се соочи со ЖРК Вардар, но сега како ракометарка на Ѓер.

Македонската снаа има сурова судбина, бидејќи, како што вели Вардар и е во срцето, но попладнево (18 часот) ќе игра за да победи и за да го крене шампионскиот пехар (по трет пат во нејзината кариера).

„Ох, колку е посебна ситуацијата, а истовремено и чудна. Ќе има многу емоции. Финале исто како лани, и се надевам дека и резултатот ќе биде ист како лани. Вардар ми е во срцето, но се надевам дека финалето ќе заврши на ист начин и дека ќе освојам титула со Ѓер.

Таков е спортот, а со оглед на тоа дека и Вардар и Ѓер заслужија да се најдат во финалето верувам дека ќе имаме извонреден меч", изјави за Спортмедиа.мк, Ања Алтхаус.

 

Најново во Ракомет