МАКЕДОНСКАТА СНАА ПРЕДВИДЕ РЕПРИЗА НА ЛАНСКОТО ФИНАЛЕ

Аморим - Талеска: Повторно финале Ѓер - Вардар зошто да не!?

„Мислам дека Вардар ќе го победи Ростов Дон и ќе се сретнеме повторно во финалето“, вели бекот на Ѓер

објавено: 11 мај 2018 - 14:20

Македонската снаа во редовите на бранителот на титулата, Ѓер, Едуарда Аморим Талеска, верува дека е можна реприза на ланското финале во Будимпешта во Лигата на ашампионите, односно одново да се сретнат со ЖРК Вардар.

„Ѓер игра на високо ниво на Ф4 и верувам дека ќе се најдеме во финалето. Мислам дека Вардар ќе го победи Ростов Дон и ќе се сретнеме повторно во главната битка за титулата“, потенцираше Аморим-Талеска на денешната средба со медиумите.

Ѓер против ЧСМ Букурешт утре игра во првото полуфинале во „Ласло Пап“ арената, додека Вардар во второто се соочува со Ростов Дон.

Најново во Ракомет