НОВ РАКОМЕТАР ВО ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА

АРБЕР ЌЕРИМИ - уште еден странски адут на Металург

Ќерими доаѓа од француската екипа Сесон и кој е белгиски репрезентативец и најдобар играч на својата земја.

објавено: 9 август 2018 - 17:20

Металург денеска се засили со нов ракометар на позиција среден бек. Се работи за Арбер Ќерими, кој доаѓа од француската екипа Сесон и кој е белгиски репрезентативец и најдобар играч на својата земја.

Ќерими има 28 години и е висок 180 см.

Арбер пристигна денеска и веднаш се отпатува за Маврово каде му се приклучи на тимот на Металург во подготовките за новата сезона.

Најново во Ракомет