ВАРДАРОВИОТ ГОЛМАН БЛЕСКАШЕ ПРОТИВ НАНТ

Арпад „Велики“ во тимот на колото (ВИДЕО)

Сосема заслужено, Арпад Штербик се најде во идеалниот тим за второто коло во Лигата на шампионите. Вардаровиот голман имаше 12 интервенции, од кои два седмерци и беше еден од најзаслужните за победата над Нант 27-23 (14-10).  

објавено: 25 септември 2017 - 08:09

Сосема заслужено, Арпад Штербик се најде во идеалниот тим за второто коло во Лигата на шампионите. Вардаровиот голман одлично ја заврши работата на дуелот против Нант. Кога и да „зачкрипеше“ нападот, а францускиот тим се обидуваше да го загрози водството, Штербик со своите одбрани го враќаше својот тим во игра.

На крајот средбата ја заврши со 12 интервенции, од кои два седмерци. Ниту македонскиот репрезентативец, Кире Лазаров, кој е специјалист за удари од седум метри не успеа да го совлада Штербик.

Покрај голманот на европскиот првак во идеалните седум за второто коло се најдоа: 

Лево крило - Валеро Ривера (Барселона)
Лев бек - Карол Биелецки (Киелце)
Среден бек - Мате Лекај (Веспрем)
Десен бек - Ласло Наѓ (Веспрем)
Десно крило - Матијаз Брумен (Горење Велење)
Пикер - Бјарте Мирхол (Скерн)
Голман - Арпад Штербик (Вардар)

Видеото што го подготви ЕХФТВ може да го видите ТУКА. 

Најново во Ракомет