ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ЗА ПРВПАТ СЕЗОНАВА ЌЕ ИМА ПОЛНА САЛА

Барса ја чека „пекол“ во вулканот „Јане Сандански“, останаа уште малку билети

Европскиот и македонски првак, Вардар во сабота на домашен терен ја пречекува Барселона за кого настапува македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски. Речиси распродадениот „Јане Сандански“ и битката за првото место меѓу двете екипи е најава за одлична ракометна претстава. 

објавено: 10 октомври 2017 - 09:59

Исто како и минатата година, Вардар пред полни трибини ќе ја пречека Барселона во вулканот „Јане Сандански“. Билетите кои веќе одамна се пуштени во продажба речиси се распродадени, според инфорациите што ги добивме остануваат уште малку места за седење (се продаваат по цена од 350 денати) и околу 800 карти за стоење, кои чинат само 150 денари.

Ова е добра вест за Раул Гонзалез и неговите избраници пред битката против каталонскиот гигант за првото место во групата А. Двете екипи имаат по седум бодови, а Барселона поради подобрата гол-разлика е пред Вардар. Со два бода од овој дуел, македонскиот тим сигурно ќе чекори кон следната рунда и ќе има значителна бодовна предност во однос на конкурентите.

Шпанскиот тим во Скопје доаѓа со посебни мотиви и една цел - даму се реваншира на европскиот првак за поразот во полуфиналето на фајнл-форот во Келн и да го симне од врвот. Но, до оваа цел нема да минат полните трибини ќе бидат главен адут на бранителот на титулата и најголем противник на Барселона.

Спортскиот центар „Јане Сандански" минатата сезона неколку пати се најде на Топ-5 листата на сали со најжешка атмосфера, па веруваме дека и во сабота ќе биде така. 

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е закажан со почеток во 17:30 часот. 

Најново во Ракомет