МИНА ДОЛГО ВРЕМЕ ОД УНГАРСКИОТ ШОК

Барселона по една и пол денеција елиминирана во 1/8 финалето

Барселона последен пат во осминафиналето на Лигата на шампионите беше елиминирана во сезоната 2003/2004. 

објавено: 31 март 2018 - 21:08

Еден од главните кандидати за освојување на титулата во Лигата на шампионите, Барселона вечерва доживеа шок. Каталонскиот гигант за кого настапува македонскиот репрезентативец, Борко Ристовски е елиминиран во осминафиналето од Монпеље и покрај тоа што на реванш мечот пред домашната публика победи со 30-28. Двата гола разлика беа премалку за да Барселона продолжи да чекори кон четвртфиналето, а потоа на завршницата во Келн, бидејќи првиот меч го загуби со три гола разлика. 

Најтрофејниот ракометен клуб после 14 години доживеа елиминација во осминафиналето. По Монпелје, тоа му успеа на Веспрем во сезоната 2003/2004 година. 

Каталонците беа силно уверени дека оваа сезона ќе успеат да дојдат до нов трофеј во Лигата на шампионите, откако Вардар во минатогодишното полуфинале ги елиминираше. Но, лошата игра вечерва беше главна причина што рано завршуваат со настапот во елитното натпреварување.

Најново во Ракомет