НА ДУЕЛОТ ПРОТИВ ЗАГРЕБ

Без Карачиќ и Милиќ, Ѓорѓески и натаму поддршка на Штербик

„Карачиќ е подобар, тренира индивидуално и во зависност од тоа како ќе се чувствува ќе одлучам дали ќе биде во состав или не. Милиќ уште не може да игра“, вели Раул Гонзалез. 

објавено: 29 септември 2017 - 17:00

Арпад Штербик одново ќе ја има главната улога меѓу диреците, со поддршка од Даниел Ѓорѓески и на третиот елитен натпревар, со оглед на тоа дека Страхиња Милиќ и понатаму ја санира повредата на грбот.

Гонзалез јасно даде до знаење дека нема да може да смета на Џамбо и на дуелот против ППД Загреб. Што се однесува до бекот Игор Карачиќ, тој добро закрепнува, но прашање е дали и колку е потребно да се ризикува и да се врати брзо во игра.

„Карачиќ е подобар, тренира индивидуално и во зависност од тоа како ќе се чувствува ќе одлучам дали ќе биде во состав или не. Милиќ уште не може да игра, така што останува Штербик и секако Даниел е тука, тренира одлично и се надевам дека ќе биде од помош на овој дуел", објасни Раул Гонзалез на денешната прес-конференција.

Најново во Ракомет