Ќе биде прв меч на домашен терен по освојувањето на титулата

Билети од 150 и 350 денари за мечот Вардар - Нант, продажбата почнува од понеделник

Вардар утре ја почнува одбраната на титулата во ракометната Лига на шампиони, против Висла на гостински терен, а за првиот меч пред своја публика на 23. септември со Нант, билетите ќе бидат во продажба од понеделник. Можат да се купат влезници за стоење по цена од 150 денари и за на трибина со столчиња за 350 денари

објавено: 16 септември 2017 - 19:15

Вардар утре ја почнува одбраната на титулата во ракометната Лига на шампиони, против Висла на гостински терен, а за првиот меч пред своја публика на 23. септември со Нант, билетите ќе бидат во продажба од понеделник.

Продажбата ќе биде за поединечните билети за овој натпревар, а ќе се одвива преку продажната мрежа на „ТикетПлус“, како и онлајн на www.ticketplus.mk.
Натпреварот со Нант ќе се игра на 23 септември од 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански". И тоа ќе биде првиот меч во Скопје по освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите во Келн.

Цената на билетите за овој натпревар ќе бидат по 350 денари за трибина и по 150 за стоење.

Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на електронскиот ваучер на влезот од СЦ „Јане Сандански".

Најново во Ракомет