„ЛАНКСЕС“ АРЕНАТА Е НЕШТО ШТО МОРА ДА СЕ ДОЖИВЕЕ

Билетите за Ф4 во Келн по цена од 75 до 345 евра

По вчерашниот пласман на Вардар на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, веќе на големо се „кројат“ планови за Келн.

објавено: 30 април 2018 - 13:00

По вчерашниот пласман на Вардар на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, веќе на големо се „кројат" планови за Келн. Оние кои минатата година беа сведови на историскиот подвиг на македонскиот и европски првак добро знаат дека „Ланксес“ Арената, но и Ф4 е нешто што треба секој да го доживее барем еднаш.

Веруваме дека и оваа година Раул Гонзалез и неговите момци ќе имаат огромна поддршка од трибините. Билетите спектаклот во Келн веќе се пуштени во продажба, истите се движат од 75 до 345 евра. 

Покрај Вардар меѓу четирите најдобри екипи во ЛШ место обезбедија Монпелје, ПСЖ и Нант. Ждрепката за Ф4 е закажана за втори мај со почеток во 12 часот. 

Сите информации околу начинот на купување на картите може да ги најдете на официјалниот сајт на ЕХФ - ehfcl.com. 

Најново во Ракомет