ПОСЛЕДНО ГОСТУВАЊЕ НА ВАРДАРКИ ВО ГРУПНАТА ФАЗА

Битката во Будимпешта - ги решава сите дилеми

Откако ЖРК Вардар обезбеди место во главната фаза во Лигата на шампионите, денеска (13:30 часот) на гостувањето кај Ференцварош ќе ја брка петата победа во низа, која носи големи предности понатаму.    

објавено: 11 ноември 2017 - 11:40

Одличниот старт на ЖРК Вардар од четири победи во низа, го смести македонскиот шампион во главната фаза во Лигата на шампионите на две кола до крајот. Сепак за да успехот биде целосен, избраничките на Ирина Дибирова денеска (13:30 часот) мора да дојдат до нов триумф, токму во зависност од исходот од овој натпревар ќе биде познато колку бодови ќе пренесат во следната рунда. Два се сигурно од триумфот во Скопје, бодовите во главната фаза се пренестуваат само од екипите со кои ЖРК Вардар играл, а се пласирале во следната рунда. 

„Црвено-црните“ дами веќе еднаш го совладаа унгарскиот тим, дуелот во СЦ „Јане Сандански“ заврши со 34-31, иако нашиот тим имаше и повисока предност. Голем хендикеп за македонскиот шампион ќе биде отсуството на Андреа Лкиќ, која поради повреда остана во Скопје. И покрај тоа што во составот ќе ја нема Лекиќ, Вардарки најавуваат максимална борба и нова победа. 

„Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет и осоколени откако го победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопремен нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачич и Пена. Спремни сме, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч“, рече Дибирова.

Во последното коло од групната за фаза, Вардар го пречекува Турингер.

 

Најново во Ракомет