Ќе се опарат и ќе возат одлични автомобили

БМВ го чека триото вардарки во Букурешт (Фото)

Ракометарките на ЧСМ Букурешт се пофалија со новите автомобили од спонзорот и гигант БМВ, а налето луксузни автомобили ќе возат и триото вардарки, кои се селат кај романскиот шампион

објавено: 14 март 2018 - 15:34

Ракометарките на ЧСМ Букурешт се пофалија со новите автомобили од спонзорот и гигант БМВ, а налето луксузни автомобили ќе возат и триото вардарки, кои се селат кај романскиот шампион.

Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ веќе потпишаа за ЧСМ Букурешт, дури беа и на промоција во својот нов клуб, иако до крајот на сезоната ќе играат за нашиот првак Вардар.

По пристигнувањето во Букурешт, ќе имаат и можност да возат нови автомобили од ергелата на луксузните модели на БМВ.

 

Најново во Ракомет