Лига на шампиони

Барса со совлада Веспрем, Борко во елемент

Барселона славеше на гостувањето кај Веспрем со 25-22 и го потврди првото место на табелата во групата А.

објавено: 11 февруари 2017 - 19:28

Екипата на Барселона славеше на гостувањето кај Веспрем со 25-22 во рамките на 10. коло во Лигата на шампионите и го потврди првото место во групата А.  

На голот на каталонскиот гигнат блесна Борко Ристовски, кој средбата ја заврши со 11 интервенции. Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров зад своето име запиша два погодоци. 

Барселона по првото полувреме имаше негатива од 14-13, но во второто полувреме успеа да израмни, а потоа и да поведе и да дојде до дветата победа сезонава.

 

Најново во Ракомет