МЕТАЛУРГ ЗАМИНА ЗА РУСИЈА

Брестовац со две промени во составот

Ракометарите на Металург денеска рано изутрина заминаа за Бугарија, од каде полетаа за Москва.

објавено: 12 октомври 2018 - 16:50

Ракометарите на Металург денеска рано изутрина заминаа за Бугарија, од каде полетаа за Москва, во Чехов ќе пристигнат дури вечерва.

Тренерот на тимот од Автокоманда, Данило Брестовац за мечот со Чеховски Медведи се одлучи на две промени во тимот за разлика од гостувањето во Силкеборг. На голманската позиција се враќа Никола Даниловски на местото на Виктор Василевски, а во составот нема да биде бекот Мартин Сарафимов, кој е трет стрелец во тимот. На негово место Стефан Додиќ добива шанса, кој претходно во елитата го гледавме само на дуелот со Татран Прешов во Скопје.

Натпреварот меѓу Чеховски Медведи и Металург се игра утре со почеток во 15 часот. 

Најново во Ракомет