ЦРНОГОРКАТА ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ РОСТОВ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

БУЛАТОВИЌ: Вардар е силен, но ние играме на факторот изненадување

„Ние сме дебитанти, а Вардар е константно на Ф4. Сепак се надеваме, потајно посакуваме и играме на факторот изненадување. На Ф4 сè е можно“, заклучува бекот на Ростов Дон.

објавено: 12 мај 2018 - 15:00

Од Будимпешта,

Весна Николовска и Марија Ковачева

Рускиот првак Ростов Дон можеби е дебитант на фајнал-фор во Лигата на шампионите, но е предводен и од тоа како искусни ракометарки, бекот Катарина Булатовиќ, како и екс-вардарките крилото Сираба Дембеле и голманката Маиса Песоа.

Црногорката има четири европски титули во свој посед, а викендов може да дојде и до петтата и да стане единствената ракометарка на која и успеало толку пати да ја освои Европа.

Поради тоа таа е главниот предводник на Русинките и потајно се надева на победа во полуфиналето со Вардар.

„Ние сме дебитанти, а Вардар е константно на Ф4. Сепак се надеваме, потајно посакуваме и играме на факторот изненадување. На Ф4 сè е можно", заклучува Катарина Булатовиќ и додава: „Во првиот дел од сезоната се баравме себе си, но сега сме во одлична форма и затоа мислам дека нè чекаат и тоа како интересни и неизвесни полуфиналиња.“

Најново во Ракомет