Рајн Некар заврши со Лигата на шампиони

Бундес-драма: Кил го исфрли Манасков, закажа дуел со Барса

И покрај предноста на домашен терен, Рајн Некар не успеа да ја одбрани минималната позитива (25-24) од првата пресметка. Во реванш мечот, Кил ги совлада „лавовите“ со 26-24 (12-12) и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите. 

објавено: 30 март 2017 - 20:32

И покрај предноста на домашен терен, Рајн Некар не успеа да ја одбрани минималната позитива (25-24) од првата пресметка. Во реванш мечот, Кил ги совлада „лавовите" со 26-24 (12-12) и се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

За противник во борбата за место на Фајнл-форот во Келн, Кил за противник ќе го има тимот на Барселона за кого настапуваат Кире Лазаров и Борко Ристовски.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков не настапи ниту на вториот натпревар, остана на клупата за резерви.

Четвртфиналните натпревари во Лигата на шампиони се играат од 19 до 23 април. 

 

Најново во Ракомет