МАКЕДОНСКИОТ ТИМ МУ ГОСТУВА НА ТУРИНГЕР

Цело е кога има се: Вардарки за успешен „црвено-црн“ викенд

ЖРК Вардар денеска (14 часот) му гостува на германскиот тим Турингер во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. 

објавено: 15 октомври 2017 - 13:00

ЖРК Вардар денеска (14 часот) му гостува на германскиот тим Турингер во рамките на второто коло во Лигата на шампионите. По победите ФК Вардар и РК Вардар, избраничките на Ирина Дибирова ќе се обидат со победа да го затворат овој викенд. 

Вардар и Турингер досега имаат одиграно шест меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите. „Црвено-црните" се поуспешни и имаат четири победи и едно реми. Единствено во ноември 2014 година, германскиот тим триумфираше на домашен терен со 21-20. Од трите досегашни гостувања на гостински терен, ЖРК Вардар има едно реми и еден триумф, во март годинава, 31-29.

Двете екипи во првото коло победија во групната фаза од лигата на шампионите. Германскиот тим триумфираше на гостински терен во Норвешка, кај Ларвик, 31-27, додека Вардар исто така победи во првото коло, дома со ФТЦ, 34-31.

 

Најново во Ракомет