ЕМ НАЈДОБРИ, ЕМ НАЈАТРАКТИВНИ

Цепелинот на Радичевиќ и Цвијиќ е број еден во Европа (ВИДЕО)

ЖРК Вардар со максимален учинок ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите, последна жртва на македонскиот шампион беше Турингер, а атрактивните голови не изостануваа. 

објавено: 20 ноември 2017 - 08:09

Мотивирани од полните трибини (за првпат оваа сезона), ЖРК Вардар без мака со шест победи во исто толку одиграни натпревари ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совлада Турингер со 29-21. „Црвено-црните“ дами во главната рунда патуваат со максимален број на бодови и ќе бидат на првото место на табелата. 

Македонскиот шампион доминираше на последната средба, на која не изостанаа аткрактивните голови. Токму еден од нив е прогласен за број еден. Цепелинот на Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ е најдобриот гол за шестото коло во Лигата на шампионите. Токму со овој погодок за стартот на мечот ЖРК Вардар поведе со 5-4.

Најдобрите пет гола може да ги видите на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет