ИСКУСНИОТ СТРАТЕГ Е ВО КРАТКА ПОСЕТА НА „МЕТАЛУРЗИТЕ“

Червар два-три дена во Скопје, па „рикверц“ во Загреб

Лино Червар е во Скопје, но нема за долго. Искусниот стратег бил на попладневниот тренинг на Металург, а според најавите до крајот на неделава ќе се врати во Загреб. 

објавено: 20 ноември 2017 - 20:45

Иако мислевме дека до завршувањето на Европското првенство, кое во јануари ќе се одржи во Хрватска, Лино Червар нема да го видиме во Скопје, сепак искусниот стратег приреди изненадување. Тој веќе е во нашиот главен град и се појави на попладневниот тренинг на тимот од Автокоманда.

Посетата на Червар нема да трае долго, како што дознаваме ќе остане неколку дена и потоа ќе се врати во Загреб. Главна обврска на искусниот стратег во моментов е хрватската репрезентација, челниците на тамошната федерација му наложија до завршувањето на континенталниот собир да биде максимално посветен на што подобра подготовка, бидејќи златниот медал е главната цел на оваа репрезентација.

Металург без Червар е веќе два месеци и засега тешко се снаоѓа. Искусниот тренер постојано е во контакт со неговиот заменик Александар Јовиќ, кој се обидува максимално да ги спроведе неговите задачи. Сепак не само Лино, туку и неискуството на ракометарите е една од главните причини за поразите во Лигата на шампионите и СЕХА.

 

Најново во Ракомет