СЕ ОГЛАСИ ХРВАТСКИОТ СТРАТЕГ

Червар: Пребродивме лоши и турбулентни години, но останавме на нозе

Металург и во следната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда доби „вајлд-карта“ и трета сезона по ред ќе биде во групите „Ц“ и „Д“. 

објавено: 28 јуни 2017 - 11:15

Металург и во следната сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите. Тимот од Автокоманда доби „вајлд-карта" и трета сезона по ред ќе биде во групите „Ц" и „Д". Во пресрет на ждрепката во петок, се огласи и стратегот на „металурзите“, Лино Червар.

"Драго ми е што ЕХФ продолжува да ја препознава и поддржува нашата работа и нашиот создавачки концепт и што и понатаму го цени тоа што го направи Металург во изминатите години. Оваа вајлд-карта за нас е големо признание и охрабрување да продолжиме со нашата стратегија. Пребродивме лоши и турбулентни години, останавме без цела една генерација, која многу даде за клубот и која е многу заслужна за сите наши резултати во изминативе години. Продолживме понатаму, останавме на нозе и докажавме дека и покрај сѐ, имаме сили, квалитет, волја и визија за нови успеси и достигнувања", изјави Лино Червар за официјалната страница на Металург.

Тимот од Автокоманда ќе биде дел од групите во кои ќе настапуваат послабо рангираните екипи, меѓу кои сезонава се најдоа Aдемар Леон, Мотор Запорожје, Чеховски Медведи, Бешикташ, Динамо Букурешт, Елверум, Монпелје, Скјерн, Кадетен, Горење и уште еден тим, квалификант.

 

Најново во Ракомет