ДА НЕ БЕШЕ РАСПАДОТ....

ЧСМ Букурешт се изнапазари во Вардар

Барбара Лазовиќ е четвртата ракометарка на Вардар која следната сезона ќе го носи дресот на романскиот шампион. 

објавено: 27 април 2018 - 15:00

Распадот на ЖРК Вардар следната сезона му дојде како „кец на десетка“ на ЧСМ Букурешт. По Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ, романскиот шампион ја ангажираше и Барбара Лазовиќ.

Слвенечката репрезентативка потпиша едногодишен договор со тимот од Букурешт, кој ќе биде дел од фајнл-фор завршницата во Будимпешта, но во полуфиналето ќе се сретне со бранителот на титулата Ѓер.

„Секоја промена е тешка, но верувам дека ја донесов вистинската одлука, се радувам на новите предизвици. ЧСМ е клуб со големи амбиции, и затоа беше мојот прв избор“, рече Лазовиќ која дресот на Вардар го носеше четири години.

 

 

Најново во Ракомет