ЦРНОГОРЕЦОТ УШТЕ ЕДНА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ, ПОТОА СЕ СЕЛИ

Циндриќ ќе го пречека Борозан

Црногорскиот репрезентативец, Вуко Борозан во 2020 година ќе го облече дресот на Келце. 

објавено: 17 април 2018 - 17:57

По Лука Циндриќ уште еден играч на Вардар ќе се пресели во Келце. Иако Вуко Борозан има договор со актуелниот бранител на титулата во ЛШ до 2021, сепак црногорскиот репрезентативец ќе ги напушти редовите на Вардар една година порано, пишуваат полските медиуми.

Борозан во таборот на Вардар дојде во 2016 година и со 57 погодоци и покрај паузата поради повредата, остана прв стрелец на македонскиот шампион оваа сезона во елитното натпреварување. 

Најново во Ракомет