ХРВАТСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ЌЕ ГИ ПРЕЧЕКА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Циндриќ: За мене ова е посебен момент, но имаме добри шанси да го поразиме Вардар

По три години минати во дресот на Вардар и една освоена шампионска титула во Лигата на шампионите, Лука Циндриќ ќе биде противник на македонскиот првак.

објавено: 12 октомври 2018 - 11:30

Лука Циндриќ е ракомeтарот кој го однесе Вардар во финалето на Ф4 во Келн 2017, годината во која македонскиот тим ја освои шампионската титула. По три години минати во „црвено-црниот“ дрес, хрватскиот репрезентативец замина во редовите на Келце, противникот на Роберто Гарсија Парондо во петото коло.

Циндриќ со големи емоции зборува за деновите минати во Скопје. Признава дека ги чека тешка задача, но истовремено верува дека токму Келце ќе биде тимот кој ќе му го нанесе првиот пораз на Вардар сезонава. 

"Не гледам разлика меѓу овој Вардар и оној од минатата сезона и покрај тоа што има многу нови играчи. Вардар со Роберто Парондо го задржаа истиот систем на игра и натаму игра силно, агресивно во одбраната, брзи се во нападот. Не чека тешка задача. Мора да внимаваме во нападот, да ги држиме грешките на минимум, да не му даваме на Вардар шанса за лесни голови од контра затоа што во тој сегмент се најопасни.
Вардар мислам дека и нема слабости во играта.
За мене ќе биде специјален момент. Возбуден сум. Три години играв во Вардар, ме врзуваат многу убави спомени и имам многу пријатели, но сега сум играч на Келце.
Мислам дека имаме добри шанси да победиме и да му го нанесеме првиот пораз на Вардар сезонава“, вели Циндриќ, кој пак не е единствениот некогашен играч на Вардар во редовите на Келце. Веќе трета година дресот на полскиот тим го носи Алекс Душебаев.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар е закажан за во недела со почеток во 17 часот. 

Најново во Ракомет