И НОВИТЕ РАКОМЕТАРКИ ВО СТРОЈОТ

Цвијиќ, Бајрамовска, Кизнецова, Саздовска и Керамичиева тргнаа со Вардар

„Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем. Сакаме да стигнеме до европскиот трон, но сега сме фокусирани на нашата подготовка. Задоволна сум што сите играчи и летниот период го искористиле за тренирање, па ќе биде полесно за сите“, вели тренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова. 

објавено: 2 август 2017 - 16:12

Вардарки во новата сезона ќе тргнат со пет нови имиња во составот, Драгана Цвијиќ, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, Теа Керамичиева и Полена Кизнецова. Откако машкиот тим успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите, ракометарките на македонскиот женски шампион посакуваат оваа сезона и тие да се искачат на врвот на Европа.

Како што информираат од таборот на ЖРК Вардар, екипата деновиве ќе ги изврши потребните лекарски прегледи, ќе се тренира во Скопје а потоа се заминува на Златибор.

„Најважно е да тренираме добро. Имаме доста време додека почне лигата на шампионите. Ќе се обидеме да најдеме и доволно противници за да ја одржуваме формата. Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем. Ако се договори повторно да се игра Регионалната лига ќе биде уште подобро. Сакаме да стигнеме до европскиот трон, но сега сме фокусирани на нашата подготовка. Задоволна сум што сите играчи и летниот период го искористиле за тренирање, па ќе биде полесно за сите, вели Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.

Најново во Ракомет