ВАРДАРОВА ДОМИНАЦИЈА

Цвијиќ меѓу ѕвездите, цепелинот на Лакрабер и Лекиќ во Топ 5 (ВИДЕО)

Големиот борец Драгана Цвијиќ со осум погодоци го предводеше ЖРК Вардар до триумфот на гостувањето кај Данска (24-23). Потегот на овој меч им припадна на Александра Лакрабер и Андреа Лекиќ и нивниот цепелин.

објавено: 9 април 2018 - 09:00

Ракометарките на ЖРК Вардар не се покажаа во вистинското светло на гостувањето кај Митјиланд (24-23), но и во една игра под нивото доминираат во изборот на ЕХФТВ по завршувањето на првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите.

Големиот борец во редовите на „црвено-црните“, Драгана Цвијиќ сосема заслужено се најде меѓу „трите ѕвезди“. Вардаровиот пикер средбата ја заврши со осум погодоци, беше на ниво на задачата како и секогаш.

Најдобрите три ракометарки за првите четвртфинални мечеви може да ги видите на овој ЛИНК. 

Потегот на дуелот во Данска припадна на Александра Лакрабер и Андреа Лекиќ и нивниот цепелин. Токму овој погодок се најде на четвртото место на Топ 5 листата, која може да ја видите на овој ЛИНК. 

 

Најново во Ракомет