ПИКЕРОТ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОМИРИ, ЖАЛИ И ЌЕ ЖАЛИ

Цвијиќ: Нека дојде Ѓер во Скопје, да видам како ќе игра! Жал ми е што нема да имам нова шанса со Вардар за титула

Изменшани чувства, вардаровиот пикер Драгана Цвијиќ истовремено е бесна, тажна...по поразот од Ѓер во финалето (27-26).

објавено: 13 мај 2018 - 20:49

Од Будимпешта,

Весна Николовска и Марија Ковачева

Изменшани чувства, вардаровиот пикер Драгана Цвијиќ истовремено е бесна, тажна...по поразот од Ѓер во финалето (27-26).

„Се боревме, имавме шанса, но немавме срежа. Доста тежок натпревар, за жал не успеавме. Јас сум горда на моите девојки и мојата екипа, работевме напорно цела сезона, но некогаш мора да имаш среќа. Жал ми е што со Вардар нема да имам нова шанса да ја освоијам титулата. 

Лесно им беше на Ѓер играа пред нивните навивачи. Нека дојдат во „Јане Сандански“ да видам дали ќе одиграат исто. Уште еднаш ќе кажам жал ми е што не ја освоивме титулата со Вардар, жал ми е за оние девојки кои кариерата ќе ја завршат без посакуваниот пехар“, изјави Драгана Цвијиќ која следната сезона ќе го носи дресот на ЧСМ Букурешт. 

Најново во Ракомет