ВАРДАРОВИОТ ПИКЕР АПЕЛИРА

Цвијиќ: Нема простор за разочарување, ова беше само лош ден

ЖРК Вардар повторно не успеа со победа да се врати од гостувањето кај Мец, каде беше совладан со 24-22 за прв пораз сезонава во Лигата на шампионите. 

објавено: 25 февруари 2018 - 18:12

ЖРК Вардар повторно не успеа со победа да се врати од гостувањето кај Мец, каде беше совладан со 24-22 за прв пораз сезонава во Лигата на шампионите. 

Пикерот на „црвено-црните“, Драгана Цвијиќ вели дека не треба да се гледа негативно на оваа средба, особено ако се земе во предвид дека го крајот на главната фаза преостануваат уште два меча. Верува дека на следниот натпревар ќе одиграат во препознатливиот стил и ќе останат на врвот на табелата.

„Секако дека сме тажни поради поразот, но драго ни е што имавме тежок меч на гости да ги видиме грешките. Треба да гледаме позитивно, зашто имаме уште два натпревари за да останеме први во групата. Не треба да паднеме сега психолошки. Ова е само еден наш лош ден. Последните пет минути пресудија. Треба да видиме каде тука грешевме. Мислам дека оваа екипа може да оди многу далеку“, изјави Драгана Цвијиќ.

Најново во Ракомет