ЗАДОВОЛСТВО ВО РЕДОВИТЕ НА ЖРК ВАРДАР ПО ПОБЕДАТА

Цвијиќ: Пресреќна сум, грешките се составен дел

Вардаровиот пикер, Драгана Цвијиќ постигна седум гола од исто толку обиди, таа беше една од најзаслужните за високата предност на македонскиот во поголем дел од натпреварот.

објавено: 6 октомври 2017 - 20:56

Драгана Цвијиќ покажа дека е полн погодок. Вардаровиот пикер постигна седум гола од исто толку обиди, таа беше една од најзаслужните за високата предност на македонскиот во поголем дел од натпреварот. 

„Честитки на оваа екипа за првата победа во ЛШ. Отворивме многу добро, не очекувавме дека така добро ќе играме во првото полувреме без натпревари. Презадоволна сум од првото полувреме, во второ полувреме паднавме, затоа што немаме натпревари.

Пресреќна сум, грешките се составен дел. По овој меч ќе ја анализираме нашата игра и се надевам дека ќе корегираме грешки и во иднина може да играме само многу подобро од она што го покажавме вечерва“, изјави на прес-конференцијата најефикасната во редовите на ЖРК Вардар.

Тренерот на ЖРК Вардар вели дека во последните 10. минути донекаде е разбирлива падот, бидејќи во овој период Дибирова им даде шанса на сите играчи.

„Им честитам на моите ракометарки за победата. Во последните 10 минути имавме проблеми со замени и дисциплина, но моравме да ги пробаме сите играчи кога имавме таква разлика. Ќе ги анализираме нашите грешки и ќе се подготвуваме за следните предизвици“, рече на прес-конференцијата Ирина Дибирова.

 

Најново во Ракомет