ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЕХФ, ПИКЕРОТ ОТКРИ ИНТЕРЕСНИ ДЕТАЛИ

Цвијиќ: Сакам да бидам Роџер Федерер, Роналдо пред Меси

Новото засилување на Вардар, Драгана Цвијиќ е во центарот на вниманието по првото коло во Лигата на шампионките. ЕХФ објави интересно интервју со пикерот на македонскиот тим.

објавено: 9 октомври 2017 - 14:40

Новото засилување на Вардар, Драгана Цвијиќ е во центарот на вниманието по првото коло во Лигата на шампионките. ЕХФ објави интересно интервју со пикерот на македонскиот тим.

Таа открива дека ако може барем еден ден да биде некоја друга личност, тоа би било Рожер Федерер, кој според неа е најдобриот тенисер во светот. Кога станува збор за фудбалот, таа без дилеми го одбра Кристијано Роналдо пред Лионел Меси. Цвијиќ ги обожува кучињата, бидејќи дома има три.

Драгана која е специјалист за одбрана, но и незадржлива во напад, истакна дека сака да освои шест титулу во Лигата на шампионите, до оваа бројка ја делат четири, бидејќи претходно како играч на Будуќност освои две.

Целото интервју со пикерот на Вардар кое вреди да се погледне може да го видите на овој ЛИНК.

 

 

Најново во Ракомет