КАКО БЕШЕ ВО 2014 ГОДИНА ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Да се повтори „пеколот“ и резултатот од пред точно три години (Видео)

Вардар славеше над Флензбург со 27:25, но тоа беше недоволно и поради помалку голови дадени на гости македонскиот првак беше елиминиран, а германскиот тим стана шампион.

објавено: 26 април 2017 - 11:20

Вардар утре го игра можеби најважниот меч во својата историја. Во Скопје гостува германскиот Флензбург, во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони. Македонскиот првак има предност од 26:24, по првиот дуел на гости, што значи дека пред своите навивачи во „Јане Сандански“ треба да го потврди пласманот на фајнл-фор турнирот во Келн. 

Вардар веќе има искуство против Флензбург и тоа во оваа фаза од натпреварувањето. Пред три години, само поради помалку дадени голови на гости, Вардар беше елиминиран. Тогаш, пред точно три години, на 26.04.2014 година, Флензбург гостуваше во „Борис Трајковски“.

Во преполната сала, вардаровите навивачи направија неверојатна атмосфера, а „црвено-црните“ победија со 27:25. За жал на „црвено-црните“, Вардар беше елиминиран, а Флензбург потоа стана европски првак. Сега дефинитивно е време да се повтори атмосферата од пред три години, а и резултатот, кој ќе значи дека Вардар ќе биде дел од завршницата во Келн и ќе се бори за европскиот трон. 

 

Најново во Ракомет