НАВИВАЧ НАЈДЕ НАЧИН КАКО ДА СЕ ЗАДРЖИ ИСКУСНИОТ ГОЛМАН

„Да се затворат границите, Штербик не смее да си оди“

Победите на Вардар во Лигата на шампионите носат радост и тага кај фановите на европскиот првак. Секоја одлична партија е потсетување дека од следната сезона на голот ќе го нема Арпад Штербик, на „кормилото“ Раул Гонзалез, а во составот уште неколку ракометари. 

објавено: 12 ноември 2017 - 08:30

Победите на Вардар во Лигата на шампионите носат радост и тага кај фановите на европскиот првак. Секоја одлична партија е потсетување дека од следната сезона на голот ќе го нема Арпад Штербик, на „кормилото" Раул Гонзалез, а во составот уште неколку ракометари.

По потврдата дека Штербик веќе се договори со Веспрем, во изминатиот период прочитавме голем број  коментари, секако сите позитивни. По синоќешната победа на ППД Загреб, фан на Вардар најде начин како да се задржи легендарниот голман во Скопје.

„Да се затворат границите за Арпад, да не му дозволиме да оди, мора да остане во Вардар“, е пораката на вардаровиот навивач.

Ниту овој пат не изостанаа коментарите посветени за Раул Гонзалез: Зошто си одиш? Вакво единствено тешко ќе најдеш, ќе ти недостасува... 

Македонската јавност кога е во прашање РК Вардар и оваа сезона има поеднакво размислување:

„Да уживаме во игрите на Вардар и да го поддржува сега и секогаш“.

Најново во Ракомет