ДОДЕКА КАЈ НАС ИМА ТВ-МРАК

Да си пукнеш: Косово нема екипи во ЛШ, ама ги пренесува мечевите

И по четири недели, ниту една институција во Македонија не се понуди да најде решение за ТВ-мракот кој се снајде пред почетокот на ракометната Лига на шампиони.

објавено: 5 октомври 2018 - 16:20

И по четири недели, ниту една институција во Македонија не се понуди да најде решение за ТВ-мракот кој се снајде пред почетокот на ракометната Лига на шампиони. Додека фановите на Вардар и Металург постојано бараат линкови за мечевите од единствените македонски екипи кои настапуваат во елитното натпреварување, оти немаат Арена Спорт, од Косово доаѓа шокантна информација.

Тамошната телевизиска куќа „РТВ 21“ врши директен пренос на натпреварите од машката Лига на шампиони, а ќе пренесува и од женската. Иако оваа земја нема свои претставници во ова натпреварување, сепак се најде на листата на канали на кои може да се проследат средбите од ЛШ. 

Ова е голем пораз за Македонија, во време кога само два тима настапуваат во Европа ние бркаме линкови, бараме чаре како да ги гледаме и Вардар и Металург. Време е некој да превземе нешто, да покаже дека спортот е во преден план пред останатите интереси.    

Најново во Ракомет