Српската ракометарка ги потврди шпекулациите

Дамњановиќ: Заминувам од Вардар

„На крајот на сезоната повторно ќе ја променам средината. Не останувам во Вардар а каде ќе продолжам не знам. Важно е дека имам понуда" изјави Дамњановиќ

објавено: 14 март 2017 - 15:30

Шпекулациите за заминување на Сања Дамњановиќ од Вардар, денеска добија и своја потврда. Српската ракометарка во изјава за српскиот медиум „спортски журнал" потврди дека по крајот на сезоната ќе ја смени средината.

„На крајот на сезоната повторно ќе ја променам средината. Не останувам во Вардар, а каде ќе продолжам сè уште не знам. Важно е дека имам понуди и наскоро ќе одлучам" изјави Дамњановиќ.

За македонскиот првак, Сања настапува од 2015 година, со тимот од Скопје два пати го освои бронзениот медал на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите

Таа во моментов е со српската репрезентација, која викендов ќе спарингува со Македонија во рамките на ЕХФ неделата.

Во својата кариера, Србинката покрај Вардар има настапувано и за Раднички, Крим, Зајечар, Подравка и Вибог.

Најново во Ракомет