Шампионот не му дава да „мрдне“ на противникот

ДАНСКИТЕ СУДИИ НИШТО НЕ НИ МОЖАТ: Вардар игра магично

Македонскиот шампион во неколку наврати беше оштетен од судиската двојка од Данска, но, и покрај тоа игра маестрален ракомет и на полувреме води со 15:10

објавено: 27 април 2017 - 19:44

Блиску, сосем блиску се ракометарите на Вардар до пласманот на толку посакуваниот фајнл-фор турнир од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по првото полувреме водат со 15:10 против Флензбург, а ако се додадат и двата гола предност од првиот меч, тогаш Вардар е на плус 7. На натпревар кој речиси идентичен како од Германија, нашиот првак едноставно доминира на теренот, и покрај тоа што во неколку наврати, судиската двојка од Данска, Гјединг и Хансен го навлекоа гневот на публиката и ракометарите на Вардар со нивната помош за Флензбург. Но, тоа само претставуваше дополнителен мотив за уште подобра игра.

На крилјата на маестралната публика, вардарци имаа убаа отворање на мечот. По одбраната на Штербик, Борозан го даде првиот гол на денешниот меч. Додека, пак, Флензбург во третата минтуа израмни благодарение на погодокот на Егерт. Но, Борозан влезе мотивирано и повторно донесе водство за Вардар.

Штербик повторно брилјираше на голот, а во два наврати тоа го реализираше Шишкарев за 4:2 во шестата минута.

Одличната игра на „црвено-црните“ продолжи и во наредните мигови, па така на средината од првиот дел, нашиот првак имаше предност од 7:5.

Циндриќ за прв пат го „возеше“ Вардар до 9:6 во 20. минута, а потплн дебакл за Флензбург најави Душебаев кој стрелаше за 10:6 а на ваквиот развој на настаните, гостинскиот тренер Љубомир Врањеш реагираше со тајм-аут.

До крајот на полувремето, предноста за нашиот тим континуирано се зголемуваше па така на пауза се замина со водство од 15:10.

Покрај одличниот Штербик кој имаше шест одбрани, во нападот за голови беше расположен Лука Циндриќ со четири голови, а зад него веднаш следеа Шишкарев и Борозан со по три.

Најново во Ракомет