ПОМОШНИКОТ НА РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ ДОБИВА НОВА ФУНКЦИЈА

Давид Дејвис десна рака на Кокшаров во Русија

„Ќе му бидам асистент на Кокшаров во националниот тим на Русија. Првичните разговори се направени, заедно ќе дебитираме во ЕХФ неделата во октомври. Сепак треба да се додефинираат некои работи и да се потпише договор", изјави за „Спортмедиа“, Давид Дејвис.

објавено: 7 септември 2017 - 14:00

Асистентот на Раул Гонзалез во Вардар, Давид Дејвис Камара ќе му биде десна рака на селекторот Едуард Кокшаров во водењето на машкиот национален тим на Русија. Кокшаров и Дејвис заедно ќе дебитираат на клупата на Русија во ЕХФ неделата во октомври.

„Ќе му бидам асистент на Кокшаров во националниот тим на Русија. Првичните разговори се направени, заедно ќе дебитираме во ЕХФ неделата во октомври. Сепак треба да се додефинираат некои работи и да се потпише договор", изјави за Спортмедиа, Давид Дејвис.

Новата функција нема да претставува пречка Шпанецот да си ги извршува и клупските обврски.

„Останувам во Вардар со Раул. Нема никакви промени", дециден е Дејвис.

Пред неколку месеци името на Давид Дејвис беше споменувано и како кандидат за селектор на националниот тим на Бразил, но тој тогаш објасни дека постоел само интерес, но без конкретна понуда.

Најново во Ракомет