ИНТЕРЕН ТРАНСФЕР ВО ВАРДАР

Давид Дејвис го напушта Раул, ќе ѝ биде помошник на Индира

Откако Јан Питлик си замина од Вардар, клубот веднаш ѝ обезбеди нова стручна потпора на Индира Кастратовиќ. На клупата до неа ќе седне Давид Дејвис Камара, досегашниот помошник на Раул Гонзалес во машката екипа.

објавено: 4 февруари 2016 - 12:51

Давид Дејвис до крајот на сезоната ќе ѝ биде десна рака на Инира Кастратовиќ, сѐ со цел клубот да ја оствари целта - пласман на фајналфор турнирот.

„Јан Питлик замина спогодбено, договарајќи се со клубот. Тој останува наш спортски пријател и се договоривме дека секогаш ќе соработуваме и ќе споделуваме спортска поддршка. Во стручниот тим се приклучува Дејвид Дејвис Камара, останува со нас до крајот на сезоната и заедно ќе ги подготвуваат натпреварите. Целта на клубот и пласман на фајналфор и сите ресурси се насочени кон таа цел“, изјави претседателот на клубот, Гордана Нацева.

Најново во Ракомет