ВАРДАРОВАТА ГОЛМАНКА НАЈЗАСЛУЖНА ЗА ПЛАСМАНОТ ВО ФИНАЛЕТО

ДЕНЕСКА И ШТЕРБИК МОЖЕ ДА И ПОЗАВИДИ: Секоја чест Лејно!!!

Блескаше Французинката на вардаровиот гол и им наби комплекс на Русинките во полуфиналето, а истовремено го промовираше „црвено-црниот“ тим во финалист, втора година во низа.

објавено: 12 мај 2018 - 19:36

Од Будимпешта,

Весна Николовска и Марија Ковачева

Амандин Лејно, дами и господа!!! Блескаше вардаровата голманка во второто полуфинале на Ф4 во „Ласло Пап“ арената со вкупно 18 одбрани, од кои дури 11 во првото полувреме.

Французинката и им наби комплекс на Русинките, а истовремено го промовираше ЖРК Вардар во финалист, втора година во низа.

Поддршка имаше и од Суслина во финишот на мечот, кога одбрани два седмереци на Илина.

Најново во Ракомет