ЛЕВОТО КРИЛО ГО ОДИГРА НАЈДОБРИОТ МЕЧ СЕЗОНАВА

Дибиров: Нема потреба од загриженост, ја бараме формата, ќе се вратиме во ритам

Тимур Дибиров со 11 погодоци од 12 обиди беше најефикасниот ракометар на Вардар во триумфот против Пик Сегед (34-30). Левото крило потенцира дека европскиот првак ја бара формата пред паузата за Европското првенство, но истовремено апелира дека нема потреба од паника, македонскиот тим ќе игра подобро во следните мечеви.

објавено: 18 февруари 2018 - 19:11

Тимур Дибиров со 11 погодоци од 12 обиди беше најефикасниот ракометар на Вардар во триумфот против Пик Сегед (34-30). Левото крило потенцира дека европскиот првак ја бара формата пред паузата за Европското првенство, но истовремено апелира дека нема потреба од паника, македонскиот тим ќе игра подобро во следните мечеви.

„ПИК Сегед не се наоѓа на позицијата на која треба да биде. Играат добар ракомет, но имаат помалку бодови од што заслужуваат. Среќни сме за победата бидејќи надигравме тим каков шот е ПИК Сегед. Ова е состав кој игра со голем интензитет. Ја бараме играта од првата полусезона, но тоа се враќа со тренинзи така што ќе успееме навреме да се вратиме во ритам, нема потреба од загриженост. ПИК Сегед е тим кој може да победи против секого така што ова беше како проба за нас и очекувам и понатаму да играме добро и квалитетно“, изјави Дибиров.

Најново во Ракомет