ВАРДАРОВИТЕ РАКОМЕТАРИ ВИСОКО КОТИРААТ

Дибиров патува како топ стрелец

Вардаровото крило Тимур Дибиров на Ф4 во Келн влегува како еден од тројцата најдобри стрелци во Лигата на шампионите.

објавено: 24 мај 2018 - 15:00

Вардаровото крило Тимур Дибиров на Ф4 во Келн влегува како еден од тројцата најдобри стрелци во Лигата на шампионите. Дибиров досега има постигнато 68 погодоци, а на теренот во „Ланксес" арената истрчува како топ-три стрелец заедно со крилото на ПСЖ, Уве Гензхајмер (87 гола), како и десниот бек на Нант, Едуардо Гурбиндо (74).

Реално гледано гол-разликата е голема и Дибиров заостанува 19 гола зад актуелниот најдобар „бомбардер" во елитата, кој може втора година во низа да ја освои „Златната топка".

ТОП СТРЕЛЦИ
Уве Гензхајмер (ПСЖ) 87
Едуардо Гурбиндо (Нант) 74
Тимур Дибиров (Вардар) 68

Најново во Ракомет