ВАРДАР БЕЗ ГЕРМАНЕЦОТ ВО КЕЛЦЕ

Дисингер нема право на настап - дебито ќе почека!

Германскиот репрезентативец, Кристијан Дисингер дресот на Вардар ќе го облече нешто подоцна. 

објавено: 11 октомври 2018 - 11:45

Вардар успеа да се договори со Кристијан Дисингер. Германскиот репрезентативец кој потпиша двегодишен договор со македонскиот првак веќе е во Скопје и утринава го одбработи првиот тренинг. 

Дисингер сепак нема да биде во составот на „црвено-црните“ за дуелот со Келце во рамките на петото коло во Лигата на шампионите. Според правилата на ЕХФ, тимовите може да го менуваат составот по секои пет меча. 

Левиот бек на дело ќе го видиме на 16 октомври во Загреб, кога Вардар му гостува на хрватскиот првак во меч од СЕХА-лигата, додека пак дебито пред домашната публика ќе го има на трети ноември против Мешков Брест во рамките на шестото коло во Лигата на шампионите.

Добра вест е што во составот за еден гостински натпревар ќе биде Калифа Гедбан, кој вчера ја доби шенген визата. 

Натпреварот меѓу Келце и Вардар е закажан за во недела со почеток во 17 часот. 

 

Најново во Ракомет