ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ПРОТИВ ППД ЗАГРЕБ ДО НОВА ПОБЕДА ВО ЛШ

Дојде време за наплата, Вардар не заборава

Вардар во недела ќе ја брка третата победа во низа во Лигата на шампионите. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува ППД Загреб, тимот кој им го нанесе првиот пораз на „црвено-црните“ минатата сезона.  

објавено: 29 септември 2017 - 12:27

Вардар во недела ќе ја брка третата победа во низа во Лигата на шампионите. Во СЦ „Јане Сандански" гостува ППД Загреб, тимот кој им го нанесе првиот пораз на „црвено-црните" минатата сезона.

Предводникот на европскиот првак, Раул Гонзалез предупредува дека противникот има искусни играчи, но верува дека неговите момци ќе одиграа нов добар натпревар.

„Загреб е добра екипа со искусни играчи како Вори, Хорват и Марковиќ. Играат добро и во одбрана и во напад. Во одбрана трансформираат од 6-0, во 5-1. Сакам добар натпревар, може да ја подобриме играта. Сакам победа“, изјави Раул Гонзалез.

„Црвено-црните“ и во победите учат. Нант го совладаа, но признаваат дека нападот мора да биде подобар.    

„Загреб е тим, кој добро го знаеме и го почитуваме. Минатата сезона ни го нанесе првиот пораз во ЛШ и мора да внимаваме. Против Нант нападот не функционираше како што сакавме, се надевам дека сега ќе бидеме многу подобри. Фаворити сме, сакаме да победиме и се надевам дека ќе го потврдиме тоа на терен“, рече капитенот на Вардар, Столе Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и ППД Загреб се игра во недела со почеток во 17 часот, билетите се продаваат по цена од 350 и 150 денари.

 

 

Најново во Ракомет