НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ПОРАЧУВА

Душебаев: Го почитувам Вардар, но нашата цел е да си замине поразен

Алекс Душебав, некогашниот ракометар на македонскиот шампион, оваа сезона е во одлична форма, блеска во дресот на Келце. 

објавено: 9 октомври 2018 - 19:00

Новата победа сезона во Лигата на шампионите Вардар ќе ја бара на гостувањето кај Келце. А таму домаќини на „црвено-црните“ ќе бидат двајцата некогашни играчи Алекс Душебаев и Лука Циндриќ. Полскиот тим по четири кола има три победи и еден пораз, на гостувањето кај Веспрем.

Нејголемата опасност доаѓа од Душебаев кој е во врна форма. Најдобриот ракометар според ЕХФ за месец септември го почитува Вардар, но вели дека тој и неговите момци ќе дада се од себе за да го добијат овој дуел.

„Вардар е тежок противник, единствената екипа без пораз во нашата група. Но, ние ќе сториме за да победиме во Келце“, вели Душебаев и додава: Ќе биде послесно, во тимот се врати Циндриќ. Тој е одличен играч, дава многу можности во нашата игра“.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар е закажан во недела со почеток во 17 часот.

 

Најново во Ракомет