Вардар сега е фаворит

Душебаев: Нема да му дозволиме реприза на Флензбург

Алекс Душебаев се уште ја памети драмата против Флензбург во 2014 година, кога во завршница за инфаркт, Германците постигнаа гол во самиот финиш преку Егерт и при вкупен израмнет резултат, благодарение на повеќе постигнати голови на гости се пласираа на Ф4 турнирот во Келн

објавено: 21 април 2017 - 18:30

Алекс Душебаев се уште ја памети драмата против Флензбург во 2014 година, кога во завршница за инфаркт, Германците постигнаа гол во самиот финиш преку Егерт и при вкупен израмнет резултат, благодарение на повеќе постигнати голови на гости се пласираа на Ф4 турнирот во Келн.

„Тоа беше двомеч за инфаркт, а ние за жал испаднавме. Сега е време да се реваншираме и да се радуваме на пласман во завршницата“, вели Душебаев.

Тој ќе биде еден од адутите на македонскиот првак во сезоната за збогување со Вардар. Душебаев ќе ги напушти „црвено-црните“ и ќе замине во Кјелце. Вардар по четвртипат во низа игра во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а се надева на првиот пласман на спектакуларните завршници во Келн. А, би било уште поспектакуларно, ако успее да го елиминира Флензбург и да го повтори подвигот на германскиот тим од 2014 година. Тогаш Германците го елиминираа Вардар, а потоа приредија сензација и ја освоија шампионската круна.

Првиот четвртфинален меч ќе се игра утре во „Фленс арена“ од 17,30 часот, а реваншот е закажан за 27. април од 19 часот.

Најново во Ракомет